Се промени ситуацијата: Суперкомпјутерот во Премиер лигата има нов фаворит за титулата

by Стефан
1 минути читање

Во последните седум години, Манчестер сити шест пати ја освојуваше титулата шампион на Англија.
Пеп Гвардиола воспостави доминација каква што немало досега во Премиер лигата, а кратко само ја прекинаа Ливерпул и Јирген Клоп во сезоната 2019/2020.

Сезонава Клоп го наследи Арне Слот и Ливерпул под негово водство игра одлично. По 11 кола „црвенте“ се на врвот на табелата со 28 бода. Од друга страна Манчестер сити за првпат во осум години откако е Пеп Гвардиола е во серија од четири порази во сите натпреварувања.

Актуелните шампиони и освојувачи на тројна круна од 2023 година сега зад Ливерпул заостанува пет бода. Изненадувачки на третата позиција е Нотингем Форест, па потоа Арсенал кој минатата сезона беше најсериозен кандидат на Манчестер сити.

Пред почетокот на сезоната суперкомпјутерот на „Опта“ на Манчестер сити му даваше високи 82.2% шанси да ја одбрани титулата. Најблиску им беше Арсенал со 12.2% додека на Ливерпул како трет фаворит му се даваа 5.1%.

По 11 кола ситуацијата се промени, сега Ливерпул е прв на листата фаворити со 59.3′, додека Манчестер сити падна на 36.2, а Арсенал сега има само 4.1% шанси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани