17
Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас би можел да се врати во Турција во дресот на Фенербахче.
Во овој момент Елмас е член на Лајпциг каде што е повреден и нема да се врати на теренот до крајот на оваа година.
Сепак и кога е спремен за игра Елмас речиси и воопшто да не добива шанса, па така најавите за промена на средината не се изненадување.
Елмас во Лајпциг пристигна минатата сезона за сума од 24 милиони евра со надеж дека ќе игра повеќе отколку во Наполи, но тоа не беше случај.
Од друга страна Мурињо во Елмас гледа одлично засилување, посебно затоа што македонскиот репрезентативец добро го познава турскиот фудбал и е вистински миленик на навивачите.