Се поради пари: Како ФИФА си го обезбеди Меси на клупското СП без Аргентинецот да го заслужи учеството

by Стефан
1 минути читање

Светската фудбалска федерација предизвика реакции во јавноста со начинот на кој Интер Мајами ќе учествува на Светското клупско првенство каде што ќе има 32 клубови.

САД ќе биде домаќин на првото издание во новиот формат, но во јавноста постои и незадоволство поради учеството на Интер Мајами.

Имено, ФИФА токму во моментите кога Интер Мајами го обезбеди првото место во регуларниот дел од сезоната донесе одлука претставникот на МЛС да биде победникот во регуларниот дел односно, Интер Мајами.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино веројатно не сакаше да ризикува и да остави да се одигра плеј-офот бидејќи елиминација на Интер Мајами ќе значеше дека еден Меси нема да учествува.

Токму тоа и се случи во плеј-офот бидејќи Интер Мајами изненадувачки беше елиминиран од Атланта. ФИФА сакаше во првото издание да има една влијателна фигура како Меси што сигурно ќе влијае на популарноста на натпреварувањето и продажбата на ТВ правата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани