Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте наиде на проблеми пред формирањето на тимот за првиот натпревар на Европското првенство.
Поради повреда се очекува стартот на шампионатот да го пропушти Емерик Лапорт. Дефанзивецот кој оваа година игра за саудиски Ал Наср не тренираше в четврток, а селекторот Де ла Фуенте нагласи дека неговата ситуација се следи. Сепак, исто така шпанскиот предводник кажа дека нема да се ризикува со Лапорт ако не е максимално подготвен.
„Мора да видиме како ќе тренира до мечот. Нема да ризикуваме со него. Нашата намера е да бидеме тука до 15 јули. Гледаме дали постои минимален ризики, ако постои нема да го користиме“, изјави Де ла Фуенте.
Се очекува местото на 30-годишниот поранешен стопер на Манчестер Сити да го заземе ветеранот од Реал Мадрид, Начо Фернандез.