Се огласи легендата на Јунајтед: Ако Ферги можеше да замине, тогаш…

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед и Сер Алекс Фергусон ја прекинаа соработката која клубот го чинеше околу 2,5 милиони евра годишно. Славниот шкотски тренер имаше улога на бренд амбасадор во светот која ја извршуваше од 2013 година.

Сепак, поради намалување на трошоците новиот сопственик ИНЕОС на чело со Џим Ратклиф реши дека е време за да се прекине оваа соработка.

На темата се огласија многу легенди, а една од нив е и Рио Фердинант. Стоперот кој се прослави играјќи во времето на Ферги напиша:

Ако Сер Алекс Фергусон може да си замине од клубот, тогаш никој не е сигурен во Манчестер Јунајтед. Секој може да биде избркан и заменет. ИНЕОС испрати порака до сите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани