Се зголемува македонската колонија во Шкотска, Давид Бабунски е пред трансфер во Данди!

by riste
1 минути читање

Данди јунајтед кој ова лето го ангажираше Трапановски, сега е во напредни преговори за потпис и со Давид Бабунски.

Давид Бабунски е слободен играч откако заврши со унгарскиот клуб Мезоковешт. Информациите од Шкотска велат дека тој е во напредни преговори со Данди јунајтед.

Доколку преговорите завршат успешно, Бабунски ќе му се приклучи на Кристијан Трапановски кој ова лето потпиша за шкотскиот клуб.

Во оваа земја веќе играат Давор Здравковски во Мадервел и Бојан Миовски во Абердин. Токму Миовски со неговите одлични игри ја отвори вратата за Македонците во Шкотска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани