148
Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ му упати претповик на Марко Пјаца.
Крилниот фудбалер кој се врати во ХНЛ минатото лето во Ријека, а ова лето направи трансфер и пак заигра за Динамо Загреб успеа да ја врати самодовербата и полека ја оживува кариерата. Пјаца по неуспешната авантура во Италија, реши дека е време за кам-бек во Хрватска и не погреши.
Веднаш почна да покажува добри партии и со тоа почна да добива повици во репрезентацијата. Пјаца беше дел од тимот на Европското првенство, меѓутоа не одигра ниту минута.
Сега повторно Далиќ реши да му укаже доверба и го повика за дуелите во Лигата на нациите.