10
Серхио Рамос по заминувањето од Севиља е без клуб. Се поврзуваше со неколку клубови од Саудиска Арабија и МЛС лигата, како и неколку европјани, ама остана слободен агент.
Англиските медиуми сега Рамос го поврзуваат со премиерлигашот Њукасл Јунајтед. „Страчките“ би сакале да ја засилат одбраната која не е на посакуваното ниво, а Шпанецот со своето искуство може да биде од огромна помош.
Според најавите, Њукасл му понудил договор на Рамос до летото 2026 година вреден десет милиони евра. Преговорите се во тек, па останува да видиме дали може да се комплетира потписот.