Серафимов: Три победи без примен гол звучи одлично, сега ни следат два нови предизвици

by 24 фудбал
1 минути читање

Младиот македонски стопер Никола Серафимов го најави следниот натпервар на репрезентацијата. Пред Македонија се два меча во Лигата на нациите во Скопје.

Дефанзивецот на Фехервар по првиот собир во Скопје зборуваше за претходнитте резултати и игрите на националниот тим.

Три победи по ред и тоа без примен гол звучи одлично. Јас најмногу сум среќен кога нема да примиме гол. Сигурно и останатите од одбраната. Но, тоа е резултат на тимската игра. Ни следуваат натпревари против добро познати противници против кои веќе одигравме натпревари. Противниците воопшто не се наивни, но оваа групна фаза сакаме да ја завршиме со две победи и шест бода. Ние сме професионални и без разлика во кој термин играме за Македонија секогаш го даваме максимумот“, изјави Серафимов.

Првиот натпревар во ноемврискиот циклус Македонија ќе го одигра во четврток против Литванија, а вториот во недела против Фарски Острови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани