Никола Серафимов одговара дека по киксот во првото коло од Лигата на нации фудбалерите имале долги разговори кои очигледно вродиле со плод и Македонија денеска се претстави во поинакво светло.
Македонската фудбалска репрезентација конечно заигра добро, а тоа резултираше со победа од 2-0 над Ерменија.
„Сите играчи кои се најдоа на теренот го дадоа максимумот, но важни беа и тие на клупата и сручниот штаб. По ремито во Торшаван зборувавме многу, зборувавме што треба да поправиме и дојдовме до оваа победа која ни го отвора патот за понатаму“, вели Серафимов.
„Треба да продолжиме вака, знаеме дека нема фаворити на натпреварите, тоа се виде и со Фарки Острови, нема ништо добиено претходно, ова е само победа, но таа може и да не значи многу ако не продолжиме да победуваме. Се надевам дека овој триумф ќе ги промени работите во позитивна насока“.