Семејството на Мбапе купува француски второлигаш

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе ова лето се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид како слободен агент и беше најголемата трансфер бомба.

Интересни информации објавија француските медиуми, поврзани со неговото семејство. Имено, семејството Мбапе работи на купување на француски второлигаш.

Станува збор за екипата на Каен која се натпреварува во Лига 2. Во моментов сопственици на клубот се фондот „Оуктри Капитал Менаџмент“ во чија сопственост од неодамна е италијанскиот првак Интер.

Американците сакаат да се ослободат од Каен, а компанија во сопственост на семејството Мбапе работи на купување на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани