131
Во редовите на Јувентус повторно ќе биде пристуно презимето Дел Пјеро и тоа по 12 години пауза.
Имено, ќерката на Дел Пјеро, Доротеа потпиша договор со кадетскиот тим на „старата дама“ и ќе се обиде да тргне по стапките на нејзиниот славен татко.
Ќерката на Дел Пјеро е родена во 2009 година, а почна да игра фудбал во академијата на Јувентус во Америка каде што се приклучи во 2022 година.
Сега италијанскиот гигант одлучи да ја приклучи на кадетскиот тим.