Фудбалерите на Селтик на коло пред крајот на шкотската Премиер лига го обезбедија трофејот, откако го декласираа Килмарнок на гости со убедливи 0-5. Со ова „келтите“ дојдоа до 90 бода или шест повеќе од ривалот Глазгов Ренџерс кој викендов го победија во „Олд Фирм“ дербито.
Со головите на Идахо и Маеда гостите поведоа со 0-2 по само 12 минути игра. До паузата меѓу стрелците се запиша и Форест, додека во продолжението двоен стрелец беше Орајли за конечна и убедлива победа со „петарда“.
Со овој трофеј Селтик дополнително му се приближи на лутиот ривал по бројот на трофеи. Ренџерс и натаму е најтрофеен шкотски тим со 55 титули, меѓутоа сега Селтик пријде на само една помалку. По падот на „полицајците“ профитираа „келтите“ кои ги освоија дванаесет од последните тринаесет титули првак на Шкотска.
По освоената титула Селтик на социјалните мрежи успеа и да го „пецне“ најлутиот ривал. Со фотографија од славјето на Твитер профилот во описот стоеше „Глазгов Селтик“, алудирајќи на името градскиот ривал Глазгов Ренџерс.