Селекторот на Англија ја промаши клупата на мечот против „неговата“ Ирска (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Ли Карсли беше избран за нов селектор на Англија и тој функцијата ќе ја извршува привремено до пронаоѓање на конечно решение. Вчера тој го водеше „Гордиот Албион“ против Република Ирска, а интересен момент се случи пред самиот почеток.

Имено, Карсли место на клупата на англиската репрезентација седна на спротивната страна, причина се веројатно неговите навики од минатото.

Карсли е роден во Бирмингем и цела кариера играше за англиски клубови, но во репрезентативната кариера го носеше дресот на Ирска за која од 1997 до 2008 година настапи на 40 натпревари.

Претходно тој беше и критикуван поради неговата изјава дека нема да ја пее англиската химна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани