271
Екипата на Севиља го одреди наследникот на Кике Санчез Флорес.
Нов тренер на тимот од Андалузија ќе биде Франциско Хозе Гарсија Пимиенто. 49-годишниот стручњак ја доби довербата на челниците и потпиша договор со клубот од „Рамон Санчез Писхуан“ на една година, со опција за продолжување.
Инаку, Пимиенто доаѓа по две сезони на клупата на Лас Палмас. Потекнува од тренерската школа на Барселона за која играше како младинец. Тренерскиот пат на Пимиенто одеше исто така преку младите категории на Барса, потоа ја водеше Б екипата, а во 2022 година доби повик од Лас Палмас.