Сахити од Хајдук се пресели во култен германски клуб, тоа ја наполни и касата на Работнички!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Работнички, Емир Сахити, се пресели во редовите на германскиот второлигаш Хамбургер.

Култниот германски клуб го откупи договорот на косовскиот фудбалер од Хајдук за сума од 1,2 милиони евра, иако пред неколку години нудеше дури три милиони за него. Финансиските проблеми го натераа тимот од Сплит на „ефтина“ продажба.

Од овој трансфер раце трие и скопски Работнички. Причината за тоа е фактот дека „косовскиот Меси“ како што некогаш го нарекуваа се развиваше во редовите на „романтичарите“ од 2015 до 2018 година.

Тогаш бесплатно се пресели во Хајдук, меѓутоа Работнички задржа право на 20% од следниот трансфер. Според пресметките тоа значи дека околу 250.000 евра влегоа во касата на македонскиот прволигаш, што е солидна финансиска инекција. Преодниот рок во ПМФЛ трае до 6 септември, па останува да видиме дали Работнички ќе доведе некое засилување по зголемувањето на буџетот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани