Саутгејт: Скршен сум, малку ни недостасуваше

by riste
1 минути читање

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт жали што не го освоија Европското првенство, но признава дека Шпанија е најдобрата селекција на турнирот во Германија.

Англија стана првата репрезентација која загубила две финалиња по ред. Минатиот пат тоа беше од Италија, сега доживеаа пораз од Шпанија.

„Мислам дека Шпанија беше најдобриот тим на турнирот. Ние не ја чувавме топката доволно добро, но бевме добри во последните десет минути. Скршен сум поради сите, навистина. Фудбалерите се апсолутно неверојатни. Горд сум на она што го направија. Малку ни недостасуваше“, вели Саутгејт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани