176
Фудбалскиот селектор на Англија, Герет Саутгејт, во еден ден се откажа од три големи имиња.
Откако претходно стана јасно дека од тимот отпаѓа Џејмс Медисон, сега Англичаните објавија дека уште две големи имиња нема да патуваат на Европското првенство. Станува збор за стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, како и играчот на англискиот шампион, Џек Грилиш.
И покрај тоа што овие три имиња нема да се најдат на финалниот список на Англија, сепак јасно е дека „Гордиот Албион“ ќе има конкурентен тим за највисоки дострели.
Англичаните ќе играат во групата Ц со Србија, Словенија и Данска.