Саутгејт: Покажавме неверојатен карактер, а сега следи меч со најдобрите на ова ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Англија конечно одигра онака како што се очекуваше од нив, па со победа над Холандија (1-2) се пласира во финалето на Европското првенство.

Селекторот Герет Саутгејт без сомнеж е најкритикуван во репрезентативниот фудбал. Сепак, против „лалињата“ потегна некои добри потези кои можеби го решија мечот.

Покажавме неверојатен карактер, третпат се вративме од негативен резултат во нокаут фазата. Не заслуживме да примиме гол во првиот дел. Играмв е доста добро со топката, не паметам кога репрезентацијата аима 60% посед против Холандија. Воткинс денес го покажа она што го покажува на тренинзите. Сака играше одлично без топка, Мејно беше фантастичен на средината. Следно ни доаѓа најдобрата репрезентација на ова Европско првенство, со ден помалку за одмор и можност за подготовка на финалето. Тука има луѓе кои цел месец не следат каде и да играме. Им предизвикавме емоции какви што 50 години не почувствувал ниту еден Англичанец“, изјави Саутгејт.

За трофејот на Европското првенство Англија ќе се бори со Шпанија во недела во 21:00 часот на „Олимпиастадион“ во Берлин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани