222
Непосредно пред стартот на Европското првенство се споделуваат разни статистики околу репрезентациите учесници.
Интересна е „математичката“ околу најплатените селектори кои ќе водат земја на континенталниот собир. На врвот на оваа табела очекувано се наоѓа англисиот предводни Герет Саутгејт, пред Нагелсман, Мартинез, Дешамп… Сепак, разликата не е драстично поголема како што тоа е на пример случај во клупскиот фудбал. По водечката четврорка следат Ван Гал и Спалети.
Интересно е дека селекторот на Шпанија се наоѓа на 14-то место, а пред него се предводниците на Швајцарија, Турција, Србија, Хрватска…
- Листа на плати на селекторите на ЕП:
- Герет Саутгејт (Англија) – 5,8 милиони евра
- Јулијан Нагелсман (Германија) – 4,8 милиони евра
- Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони евра
- Дидие Дешамп (Франција) – 3,8 милиони евра
- Роналд Куман (Холандија) – 3 милиони евра
- Лучијано Спалети (Италија) – 3 милиони евра
- Виченцо Монтела (Турција) – 1,8 милиони евра
- Мурат Јакин (Швајцарија) – 1,6 милиони евра
- Златко Далиќ (Хрватска) – 1,5 милиони евра
- Ралф Рангник (Австрија) – 1,5 милиони евра
- Доменико Тедеско (Белгија) – 1,5 милиони евра
- Драган Стојковиќ (Србија) – 1,4 милиони евра
- Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 1,25 милиони евра
- Сергеј Ребров (Украина) – 1,25 милиони евра
- Каспер Хјулманд (Данска) – 1,15 милиони евра
- Силвињо (Албанија) – 0,75 милиони евра
- Михал Пробиерж (Полска) – 0,56 милиони евра
- Стив Кларк (Шкотска) – 0,55 милиони евра
- Франческо Калцона (Словачка) – 0,54 милиони евра
- Марко Роси (Унгарија) – 0,3 милиони евра
- Матијаш Кек (Словенија) – 0,3 милиони евра
- Иван Хашек (Чешка) – 0,25 милиони евра
- Едвард Јорданеску (Романија) 0,24 милиони евра
- Вили Сањол (Грузија) – 0,2 милиони евра