231
Aнглискиот селектор Герет Саутгејт добиваше многу критики од јавноста за играта на „Гордиот Албион“, но вечерва во полуфиналето дефинитивно е еден од најзаслужните што Англичаните ќе играат финале.
Англија победуваше и одеше чекор по чекор, меѓутоа Саутгејт редовдно беше мета на критики, по вечерашниот натпревар критичарите едноставно немаат аргумент, напротив тој го направи потегот за пласман во финале.
Се играше 81. минута кога Кол Палмер и Оли Воткинс влегоа во игра на местата на Фил Фоден и Хари Кејн. Токму овие двајца во 91. минута го режираа голот вреден финале, Палмер асистираше, Воткинс одлично реагираше во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата.