Веќе започнува „лицитацијата“ за организацијата на Светските првенства за десет години од денес.
Во моментов за Мундијалот во 2034 година единствен кандидат за домаќинство е Саудиска Арабија. Тие денес ја доставија и официјалната кандидатура до ФИФА во Париз. Претседателот на Фудбалскиот сојуз Јасер Ал-Мишелах и министерот за спорт Абдулазиз Бин Турки Бин Фајсал го доставија предлогот за домаќинството.
„Ние сме посветени да бидеме домаќини на исклучително издание на Светскиот куп на ФИФА во кој ќе учествуваат 48 тимови во една земја за прв пат во историјата на натпреварувањето… и ќе помогне да се негува генерација спортисти способни да се натпреваруваат на највисоката светска сцена. Ќе продолжиме да му ја покажуваме на светот трансформацијата на нашата нација во сите сектори“, изјави Бин Фајсал.
Доколку се исполнат најавите, Саудиска Арабија ќе нема конкуренција за организаторската позиција.
Иако во моментов фудбалот во земјата се развива и многу се вложува, се најавува уште едно еволуциско чудо во видот на нов стадион во Ријад со 92.000 седишта.