193
Бразилскиот крилен фудбалер Рафиња не е на продажба во Барселона, барем така сметаат медиумите.
Според најавите, каталонскиот гигант добил богата понуда за потпис со Бразилецот. Се споменува сума од 65 милиони евра од Саудиска Арабија, но од неименуван клуб.
Сепак, Барселона била категорична во одговорот и открила дека Рафиња – не е на продажба. Во повеќе наврати Рафиња се поврзуваше со заминување, меѓутоа јасно е дека клубот нема да го продаде освен ако не пристигне понуда која не се одбива.
Инаку, Рафиња пристигна во Барселона од Лидс летото 2022 година за 58 милиони евра.