Саудиските милиони повикуваат, Мурињо останува без српската ѕвезда во Фенер

by 24 фудбал
1 минути читање

Душан Тадиќ е популарен за клубовите од Саудиска Арабија, а тоа може да го натера на трансфер на Блискиот Исток.

Веќе неколку српски фудбалери настапуваат во тамошното првенство, па следен на листата желби е и асот на Фенербахче. Заинтересирана за услугите на Тадиќ беше Ал-Кадсија, а на адреса на клубот од Истанбул пристигна понуда.

Турските медиуми открија дека Фенер добил понуда од 10 милиони евра за договорот на ветеранот. Наводно клубот нема против продажба и таква заработка, особено бидејќи Тадиќ го донесе бесплатно.

Останува да видиме дали самиот Душан Тадиќ ќе биде убеден и ќе тргне по саудиските милиони или пак ќе остане да настапува под тренерска палка на Жозе Мурињо во Истанбул. За Фенербахче тој одигра 62 натпревари, постигна 16 погодоци и забележа 19 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани