Санчо повторно не е ниту на клупата на Манчестер јунајтед

by riste
1 минути читање

И во второто коло од Премиерлигата, Џејдон Санчо не е повикан во тимот на Манчестер јунајтед, англискиот фудбалер го нема ниту на клупата за резерви.

Пред почетокот на подготовките за новата сезона, Санчо и Тен Хаг си подадоа рака, па се чинеше дека проблемите се решени и играчот кој имаше одлични настапи за Борусија Дортмунд ќе има значајна улога во тимот на Јунајтед, но не е така.

Тен Хаг очигледно не смета на Санчо за кој се шпекулира дека би можел да замине во последните денови од преодниот рок.

Како можна дестинација се споменува Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани