Санчо е среќен во Челси: Знам дека има многу луѓе на кои треба да им докажам дека грешат!

by riste
1 минути читање

Џејдон Санчо вчера го одигра целиот натпревар против Тотнем и после Палмер беше најдобро оценет фудбалер на теренот.

Санчо постигна и гол во победата од 4-3 на гостувањето во Северен Лондон, тој вели дека е среќен во Челси.

„Од првиот ден тука направија да се чувствувам добредојдено. Знам дека има многу луѓе на кои треба да им докажам дека грешат“, вели Санчо.

„Работам многу напорно. Сакам да му заблагодарам на стручниот штаб и на тимот што веруваат во мене и ми ја даваат оваа шанса“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани