173
Струмичкиот тим, Брера промовираше ново засилување, се работи за 20-годишниот Самуел Наков Фуентес кој има македонско и шпанско државјанство.
Тој склучи договор за Брера откако минатата сезона настапуваше за второлигашот Дунав Русе во Бугарија каде имаше девет настапи.
Самуел Наков Фуентес потекнува од младинските погони на шпански Рода каде бил и член а во својата кариера има настапувано и за АО Ханиотис од Грција. Тој игра во средниот ред но и во нападот.
Брера имаше победнички старт на новата сезона откако на свој терен го совлада Вардар со 2-0.