297
Сезоната во Првата македонска фудбалска лига заврши минатиот викенд. Бидејќи рангот на клупскиот фудбал е во „слободен пад“, нашите претставници во европските купови ќе тргнат уште во првите рунди.
Така, Шкендија прва го одреди датумот за старт на подготовките. Тетовчани на први јуни ќе ги „запалат моторите“ за новата сезона и настапот во квалификациите на Конференциската лига.
Шкендија заедно со Тиквеш ќе биде дел од ждрепката за првото претколо во ова натпреварување на 18 јуни.