302
Британската аукциска куќа „Бонхамс“ објави дека салфетката на која Лео Меси потпишал согласност за преселба во Барселона била продадена за фантастични 890.000 евра.
Очекувањата биле дека таа би достигнала сума од 300.000 до 500.000 евра, но интересот бил голем и таа достигнала неверојатна сума од 890.000 евра. Аукцијата траела од 8 до 17 мај.
„Во Барселона, 14 декември 2000 година Карлес Рексач, спортскиот директор на Барселона се согласува, под целосна одговорност и без оглед на спротивните мислења, да потпише договор со Меси под услов да се придржуваме кон договорените износи“, пишува на салфетката.