Салах изненади, драстично го промени изгледот (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Eгипетскиот фудбалер Мохамед Салах низ кариерата освен по одличните настапи на теренот стана и препознатлив по својата фризура, односно косата која стана и негов заштитен знак.

Но, сега со завршувањето на сезоната Салах одлучи да направи драстична промена.

Салах одлучи да ја скрати косата и така изненади голем број од своите фанови. Со новата фризура тој се пофали на социјалните мрежи.

Во текот на сезоната се шпекулираше дека Салах заедно со Клоп може да го напушти „Енфилд“, но неодамна со објава дека е спремен да победува со Ливерпул и наредната сезона ги демантираше таквите информации и го најави своето останување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани