САД загуби со гол од офсајд, Пулишиќ лут на судиите: „Одете и славете со Уругвајците“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Домаќинот на Копа Америка, Соединетите Американски Држави, неочекувано се елиминирани по групната фаза на турнирот. Откако во второто коло неочекувано загубија од Панама (2-1), сега Американците беа поразени и од фаворитот Уругвај (0-1).

Бледиот настап на САД на ова првенство ги разочара навивачите, меѓутоа вреди да се напомене дека од Уругвајците загубија со нерегуларен гол. По центаршут од слободен удар, со глава биеше Роналд Араухо, голманот Тарнер одбрани и одбиената топка падна пред Матиас Оливера кој ја смести во мрежата за 0-1 во 66. минута.

Сепак, единствениот гол беше чист офсајд и вистинско чудо е како ВАР собата не го забележа тоа. При првиот шут со глава на Араухо, Оливера беше најблизу до противничкиот гол и се наоѓаше во недозволена позиција. И покрај тоа судиите го признаа голот на Уругвајците.

Треба да се нагласи дека дури и со реми САД ќе беше елиминиран, бидејќи само победа над Уругвајците ги водеше во четвртфинале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани