Румениге потврди: Компани ќе биде нашиот тренер, ни помогна и Гвардиола!

by riste
1 минути читање

Карл-Ханц Румениге потврди дека Винсент Компани ќе биде новиот тренер на Баварците, наскоро тоа и официјално ќе биде објавено.

Веќе нема дилеми дека Компани во новата сезона ќе го води Баерн Минхен, а дел од заслугите има и Пеп Гвардиола кој му беше тренер на Белгиецот.

„Нашиот директор се одлучи за Винсент Компани да биде новиот главен тренер. Ги комплетираме финалните детали и потоа ќе биде официјално“, потврди Румениге.

„Пеп Гвардиола исто така ни помогна со Компани, тој имаше многу големи зборови за Винсент како талентиран тренер“.

„Пеп добро го знае Винсент и неговото мислење ни беше навистина значајно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани