Роналдо потврди: Сака да стане претседател

by Стефан
1 минути читање

Славниот Бразилец, Роналдо е подготвен во иднина да седне на функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил.

Прв човек на бразилскиот сојуз во овој момент Едналдо Родригез за кого има соменвања за изборни нереглуарности во пролетта 2022 година. Медиумите во Бразил пишуваат дека Роналдо ја има довербата од ФИФА и КОНМЕБОЛ.

„Долго време зборувам за мојата идеја дека сакам да бидам претседател на бразилската федерација и ништо не се променило.

Подготвен сум и го чекам моментот. На фудбалот во Бразил му се потребни многу промени. Сега не сум кандидат и наскоро нема избори, па нема ништо повеќе од само желбата“, изјави Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани