Роналдо не помислува на пензија: Ова се целите кои сака да ги оствари

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо не размислува на пензија иако има 39 години, Португалецот и понатаму ужива во фудбалот и има цели кои сака да ги оствари.

Медиумите пренесуваат дека Роналдо сака да испише нова фудбалска историја и ќе добие договор од Ал-Наср до 2026 година. Негова желба е да остане во ритам за Мундијалот во 2026 година, трофеј кој му недостасува.

Досега ниту еден играч нема шест настапи на Светските првенства и ако Роналдо заигра на Мундијалот кој следи ќе стане првиот на кој му успеало такво нешто.

Исто така Роналдо не крие и дека сака да дојде до бројката од 1.000 гола во кариерата и за такво нешто му недостасуваат уште 97 погодоци. Медиумите потсетуваат и дека португалскиот ас сака барем еден натпревар да одигра заедно со својот син на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани