14
Манчестер јунајтед почнува нова ера, клубот сега работи под палката на Рубен Аморим кој ќе дебитира веднаш по завршувањето на репрезентативната пауза.
Аморим кој правеше чуда со Спортинг, треба да внесе свежина во Манчестер јунајтед, а навивачите очекуваат и значително да ги подобри резултатите.
Тој доби поддршка и од неговиот сонародник, Кристијано Роналдо кој во лош однос се раздели со Ерик тен Хаг.
„На Манчестер јунајтед и Рубен Аморим им ја посакувам најдобрата среќа во светот“, порача Кристијано Роналдо.