Кристијано Роналдо доби награда амбасадорска награда во Португалија на гала вечерта „Квинас Де Оро“. Португалецот се обрати на јавноста, зборуваше колку му е чест да ја претставува својата земја, се наврати на своите почетоци во репрезентацијата и на крајот достигна до своите цели.
„По играњето за толку клубови и освојувањето на толку трофеи, Лига на шампиони, Златни топки, награди на ФИФА, нема ништо подобро од играњето за својата земја. Ја претставуваш цела култура, своите деца, мајка, татко, најдобрите пријатели. Разочаран сум од играчите кои не сакаат да играат за репрезентациите. Смешно е, кога дојдов во репрезентацијата сонував за деби. Потоа размислував за 25 и 50 настап. Помислив: зошто да не дојдам и до 100, тоа е убава троцифрена бројка. Подоцна целта ми беше 150, па 200“, кажа Португалецот.
Исто така тој доби прашање и за бројот на голови во кариерата. Јавно кажа дека цели да стигне до 1.000 гола, а сега е на 908, па признава дека веројатно избрзал.
„Да бидам искрен, тоа е моја вина. Кажав јавно дека сакам да постигнам 1.000 голови и сега излегува дека тоа ми е единствената цел. Всушност, целта ми е да уживам во моментот. Ако дојдам до таа бројка, одлично. Ако не, никој не постигнал повеќе од мене. Не мора да размислуваме долгорочно. Живејте во моментот и уживајте“, заврши ѕвездата.