Роналдињо ја објасни својата контроверзна изјава и рече: Ќе навивам за Бразил како никогаш претходно!

by riste
1 минути читање

Роналдињо ги збуни сите со изјава против бразилската репрезентација и ветување дека нема да го гледа Бразил на Копа Америка и нема да прослави ниту една победа, но тоа го направил со намера.

„Го реков тоа за да добијам реакција од сите. Ќе навивам за Бразил како никогаш претходно“, вели сега Роналдињо.

„На Бразил му е потребна оваа поддршка, младите фудбалери имаат голем талент и неопходна им е поддршка од бразилските луѓе. Сега е Копа Америка и ние можеме да го освоиме трофејот“.

„Се здружив со Рексона за поддршка на Бразил и ќе креираме масивен ланец за поддршка на Бразил“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани