Ромеро во одбрана на Постекоглу: Нема логика ако ние играме лошо цехот да го плати тренерот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Тотнем загубија во дербито од Челси (3-4) во Премиер лигата, иако имаа предност од 2-0. Поради кризата на мета на критики е тренерот Анге Постекоглу.

Во одбрана на австралијанскиот тренер застана дефанзивецот Кристијан Ромеро. Тој нагласи дека нема логика да се бара вина во тренерот кога играчите играат лошо.

Постекоглу покажа дека е врвен тренер, тоа го докажува откако пристигна тука. Сезонава имаме многу проблеми со повредите и тоа е причина за ова што се случува. Ако треба да се бара виновник, нека бидеме ние играчите. Фудбалот е чуден спорт. Ако загубите десет меча поради ваша слаба игра, цената ја плаќа тренерот. Сакам да им биде на сите јасно, Постекоглу и целиот тим ја имаат поддршката од играчите“, изјави Ромеро.

По 15 одиграни натпревари Тотнем котира во долната половина на табелата, на 11. место со 20 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани