Рома ја изедначи понудата на Атлетико Мадрид за Довбик!

by riste
1 минути читање

Украинскиот напаѓач, Артем Довбик наскоро би требало да се пресели во Рома, римскиот клуб до Жирона достави понуда каква што тие веќе имаа прифатено од Атлетико Мадрид.

Довбик има договор со Рома, но потребно е клубовите да постигнат согласност за трансферот да се комплетира.

Последните информации велат дека Рома понудила 32 милиони евра плус 6 милиони евра во бонуси што ја изедначува понудата на Атлетико Мадрид.

Наредните денови треба да бидат клучни за реализација на трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани