Рома конечно победи во Серија А по четири последователни порази. „Волчицата“ дома го совлада Лече со убедливи 4-1.
Алексис Салемакерс донесе предност за Рома во 13. минута, а потоа Крстовиќ од белата точка израмни на 1-1.
Се наметна домашната екипа во вториот дел, успеа да го пробие отпорот на гостите и даде уште три гола. Првиот беше дело на Манчини, а потоа погоди Николо Писили. Во завршницата точка на победата стави Мануел Коне (4-1).
Рома стигна до 16 бода на табелата на единаесеттата позиција, додека Лече има 13.