Рома сака да го продаде Дибала иако тој сака да остане!

by riste
1 минути читање

Дел од италијанските медиуми шпекулираат дека Рома сака да го продаде Пауло Дибала во Саудиска Арабија иако фудбалерот сака да продолжи на Олимпико.

Саудијците доставија богата понуда за Дибала, тој ја одби, но наводно Рома ќе го убедува да ја прифати.

Рома сака да го продаде Дибала бидејќи така ќе ги ослободи средствата од големата плата која тој ја добива, а ќе додаде и голема сума од обесштетувањето која ќе се слее во трансфер буџетот.

Од оваа причина се очекува Дибала да не биде во комбинација за мечот со Каљари, туку да остане на клупата за резерви, исто како и на мечот со Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани