Рома не запира, за дефанзивата сака репрезентативен стопер на Белгија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанската екипа Рома сериозно работи на засилување на тимот ова лето, а досега потроши речиси 100 милиони евра. Денес беше промовирано големото засилување за нападот, Артем Довбик од Жирона за речиси 40 милиони, пред неколку денови пристигна Матиас Суле, а претходно беа купени Енџо Ле Фе, Самуел Дал и откупен беше Анхелињо.

Тука Рома не планира да запре, па сака да ја засили и дефанзивата со репрезентативец на Белгија. Станува збор за Артур Теат кој настапува за екипата на Рен.

Рома е подготвена да му понуди на францускиот тим да го доведе Теат на позајмица, а да има опција да го откупи за 18 милиони евра. Белгиецот настапуваше за Болоња во минатото и за него трансферот би бил кам-бек во Серија А.

Останува да видиме дали Рома и Рен можат да пронајдат заеднички јазик за трансферот на Артур Теат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани