Рома на Иван Јуриќ претрпе втор првенствен пораз во низа, овојпат дома од Билиња (2-3) во 12. коло на Серија А. Делува дека хрватскиот тренер бргу ќе биде заменет на клупата на „волчицата“ бидејќи немаше добар почеток на новата авантура на „Олимпико“.
Ел Шарави беше двоен стрелец за Рома, меѓутоа гостите беа подобри. За Болоња погодуваа Кастро, Орсолини и Карлсон, а имаа и еден поништен гол преку Далинга. Тимот на Винченцо Италијано на крајот се радуваше и за трето славје во низа, односно осми меч без пораз.
Моис Кин со хет-трик ја предводеше Фиорентина до уште една победа, вкупно шеста во низа во Серија А. „Виола“ беше сигурна и подобра од Верона со 3-1. Младиот напаѓач ги постигна трите погодоци за својот тим, додека Сердар погоди за поразениот тим.