106
Екипата на Рома утрово објави дека Даниеле Де Роси повеќе не е тренер на тимот.
Де Роси на клупата на „волчицата“ пристигна минатата сезона на местото на Жозе Мурињо и имаше одлични резултати, но лошите резултати на почетокот од акутелната придонесоа за разделба.
„Раководството донесе одлука за доброто на клубот за да може да се продолжи на вистинскиот пат кога уште сезоната е на почетокот. Рим секогаш ќе биде дом за Даниеле, му благодариме за работата во изминатиот период“, објави Рома.