241
Сопствениците на Рома конечно се одлучија да вложат во тимот, на Олимпико ќе пристигне Матијас Суле од Јувентус за сума од 30 милиони евра.
Трансферот е договорен, остануваат уште формалностите за тој да биде комплетиран и официјално објавен.
Рома најпрво ќе плати 26 милиони евра, потоа уште 2 милиони евра во лесно остварливи бонуси, и уште 2 милиони евра со потешко остварливи бонуси.
Јувентус ќе добие и 10 проценти од следната продажба на Суле.
Суле е 21-годишен аргентински фудбалер кој главно игра на десната офанзивна позиција, но може да настапува и во средината како втор напаѓач.