129
Рома се пофали со ангажман на дефанзивниот фудбалер, Марио Хермосо кој во римскиот клуб пристигна како слободен играч откако му заврши договорот со Атлетико Мадрид.
Марио Хермосо стави потпис на тригодишен договор со Рома, во кој има и клаузула за заминување која е активна од 2026 година.
Хермосо дури девет години беше дел од академијата на Реал Мадрид, потоа играше и во Ц и Б тимовите на гигантот, но никогаш не заигра за сениорскиот тим на кралскиот клуб.
29-годишниот дефанзивец пет години беше дел од Атлетико Мадрид.