151
Милан сериозно „загриза“ за Тами Абрахам од Рома. Сепак, цената на англискиот фудбалер е меѓу 25 и 30 милиони евра, а тоа делува превисоко за „росонерите“.
Веќе некое време Милан се обидува на разни начини да го доведе Абрахам. Имаше обиди и за позајмица, но Рома го одби тоа решение. По купувањето на Довбик, клубот од Рим сака пари и само продажба е опција.
Како еден од механизмите на кои Милан размислува се споменува и трампа. Италијанските медиуми пишуваа дека Милан е подготвен да го понуди Ноа Окафор, плус одредена сума на пари за договорот на Тами Абрахам.
Според „Трансфермаркт“ Окафор вреди 20, а Абрахам 30 милиони евра.