223
Српскиот репрезентативец, Страхиња Павловиќ се наоѓа на мета на премиерлигашот Брентфорд, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Според информациите на италијанскиот инсајдер Брентфорд започнал преговори со Салзбург, но тие нема да бидат едноставни.
Павловиќ игра во добра форма и за него има интерес и од други клубови, па на Брентфорд нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата.
По добрата сезона на клупски план, Павловиќ не разочара и на Европското првенство, иако Србија настапот го заврши во групната фаза.
Со австрискиот клуб Павловиќ има договор до летото 2027 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 25 милиони евра.