Витор Роке е разочаран од неговите први месеци во Барселона, бразилскиот фудбалер очекувал дека ќе добие поголема шанса, но тоа не се случува.
Каталонскиот весник, „Мундо Депортиво“ пишува за моменталната ситуација на Роке во Барселона.
Роке се чувствувал многу повредено. Не можел да ја сфати неговата ситуација во Барселона. Изгледал депресивно, дури и дома.
Од кампот на Роке за „Мундо Депортиво“ рекле дека фудбалерот никогаш не зборувал со Чави, немало комуникација меѓу нив двајца.
На Роке му било тешко да гледа како Феран Торес и Марк Гуиу се фаворизираат со минути пред него.
Тој не можел да сфати зошто Барселона потпиша со него, зошто го зема порано за да се адаптира и зошто сега размислува да го прати на позајмица. Роке бил збунет од целата ситуација.
Барселона на 12. јули 2023 година потпиша со Роке и објави дека тој ќе остане на едногодишна позајмица во Атлетико Параненсе од каде што беше купен. Но, Каталонците одлучија во јануари да го земат од позајмицата и тој порано од предвиденото да пристигне во клубот.