Родри станува најплатен играч на Манчестер Сити?

by Стефан
1 минути читање

Во последните години Шпанецот, Родри се истакна како еден од најважните фудбалери на Манчестер Сити и шпанската репрезентација.

Родри игра одлично во средниот ред, но и постигна многу важни погодоци за Шпанија и Сити, па така неговото име се вмеша и како еден од конкрентите за „Златната топка“.

Медиумите пишуваа и за интерес од Реал Мадрид, па во Сити не сакаа ништо да ризикуваат и наскоро тој би можел да добие нов договор до 2029 година со двојно поголема плата.

Договорот кој сега го има Родри важи во следните три години, меѓутоа се очекува наскоро да потпише нов. Платата на Родри би изнесувала 375.000 фунти неделно со што би станал најплатен во Сити пред Халанд и Де Брујн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани